Голем успех и триумф против учесникот во ЛШ на Азија

Хаџиевски најде победнички рецепт за спас на Ал Дафра

Ѓоко Хаџиевски најде победнички рецепт за Ал Дафра, во вистински момент за бегство од опасната зона, а во првенствен меч од најсилната лига на Обединетите Арапски Емирати падна Ал Васл

објавено: 17 март 2018 - 17:30

Ѓоко Хаџиевски најде победнички рецепт за Ал Дафра, во вистински момент за бегство од опасната зона, а во првенствен меч од најсилната лига на Обединетите Арапски Емирати падна Ал Васл.

Екипа која е учесник во Лигата на шампионите во Азија и беше фаворит, но Ал дафра предводена од нашиот поранешен селектор славеше со 2:1.

Ал Дафра имаше и играч помалку во финишот на мечот, но издржа и побегна од опасната зона. Клубот што од клупата го предводи Хаџиевски по 19. кола е на десеттата позиција во конкуренција на 12 екипи. Последните два клуба испаѓаат од Првата лига.

Најново во Фудбал