Двапати водеа, на меч со двајца двојни стрелци

Хата ремизираше по 4 меча пауза

Ѓоко Хаџиевски ја води Хата до сигурен опстанок, а веќе денеска можеше да го запечати учеството во најквалитетната лига на ОАР и и идната сезона 

 

објавено: 10 март 2017 - 16:31

Ѓоко Хаџиевски ја води Хата до сигурен опстанок, а веќе денеска можеше да го запечати учеството во најквалитетната лига на ОАР и и идната сезона, но Диба Ал Фујарах успеа двапати да се врати од гол -негатива и да освои еден бод во ремито, 2:2.

И тоа во меч со двајца двојни стрелци, Самуел за Хата и Мохамед за гостите. Хата немаше реми на последните 4 натпревари, а со 21 бод на 5 кола до крајот е на 8 и 10 бода разлика со двете најзагрозени екипи, Емирати и Банијас. 

Најново во Фудбал