Џани е на добар пат кон Бундеслигата

Херта го мерка Езџан Алиоски

Езџан Алиоски игра одлично во новата сезона и е еден од најдобрите играчи во швајцарското првенство и речиси сигурно ќе ја менува средината во зимскиот период. Според зборовите на неговиот менаџер Дино Ламберти во игра за трансфер на 24-годишниот македонски репрезентативец се по еден клуб од Германија, Италија и Англија

објавено: 22 декември 2016 - 09:20

Езџан Алиоски игра одлично во новата сезона и е еден од најдобрите играчи во швајцарското првенство и речиси сигурно ќе ја менува средината во зимскиот период.

Според зборовите на неговиот менаџер Дино Ламберти, во игра за трансфер на 24-годишниот македонски репрезентативец се по еден клуб од Германија, Италија и Англија.
Најблиску до целта е Херта и ако не се случи изненадување Алиоски се сели во Берлин уште во зимскиот преоден рок. Херта бие битка за пласман во Лигата на шампионите, моментно е третопласирана екипа во Бундеслигата и е најконкретна со понудата да го ангажира Алиоски.


„Се изненадив кога видов колку менаџери доаѓаат да ги следат настапите на Лугано. На нашите мечеви во есенскиот дел присутни беа претставници на Манчестер сити, Ливерпул, од неколку екипи од Бундеслигата, од Италија. Имаше понуди за Алиоски од Базел и од еден белгиски клуб, но во заеднички разговор со него одлучивме да почекаме. Сега најконкретен е еден клуб од Бундеслигата кој се бори за титулата, потоа и од една екипа од Серија А и една од Премиерлигата. Ќе видиме што е најдобро, само нека почне зимскиот преоден рок", вели Ламберти.

Според него, претседателот на Лугано, Анџело Ренцети, нема да прави проблеми околу трансферот на Алиоски, а еден од швајцарските медиуми открива дека токму Херта е клубот од Германија што има конкретна понуда за ангажман на популарниот Џани. Таму играат двајца швајцарски репрезентативци, Лустенбергер и Штокер, а веројатно наскоро и трет играч што настапувал во Швајцарија ќе им се приклучи.

Алиоски есенва постигна 9 гола за Лугано и имаше 5 асисстенции, со што е меѓу најдобрите стрелци и играчи во швајцарската Прва лига.

Најново во Фудбал