Турскиот гигант сопрен во Измир

И Фенербахче си има маани, Јаховиќ со асистенција му помогна на Гезтепе да го сопре ривалот на Вардар (Видео)

Адис Јаховиќ одлично почна во Првата турска лига, а вечерва со асистенција му помогна на дебитантот Гезтепе да освои еден бод во дуелот со гигантот Фенербахче 

објавено: 12 август 2017 - 22:49

Адис Јаховиќ одлично почна во Првата турска лига, а вечерва со асистенција му помогна на дебитантот Гезтепе да освои еден бод во дуелот со гигантот Фенербахче.

Гезтепе за првпат игра во елитата, истото е и со Јаховиќ, а токму тој беше еден од најзаслужните за ремито, 2:2 на стартот од патешествието на тимот од Измир во Првата турска лига.

Фенербахче поведе со 1:0 со голот на Потук во петтата минута, а потоа се случи веројатно најубавиот момент на мечот. Јаховиќ во скок му ја врати топката на Кастро, а следеше волеј удар од дваесеттинаметри за израмнување на 1:1.

.

Потоа Скарионе му донесе и предност на Гезтепе од 2:1, но израмни Шкртел за конечни 2:2.

Фенербахче ќе игра двомеч со Вардар на 17. август во Скопје и на 24. во Истанбул, за пласман во фазата по групи во Европа Лигата на УЕФА.

Најново во Фудбал