НАШИОТ РЕПРЕЗЕНТАТИВЕЦ СЕУШТЕ ЧЕКА НА ДЕБИТО СЕЗОНАВА

Тренерот на Рајо не знае кога Димитриевски ќе добие шанса!

Неодамна имаше два нови настапи за најдобрата македонска А селекција во УЕФА Лигата на нации против Лихтенштајн и Ерменија.

објавено: 23 октомври 2018 - 09:00

Столе Димитриевски од оваа сезона е на позајмица во Рајо Ваљекано од редовите на Химнастик Тарагона, но сеуште го чека првиот официјален настап за својот нов клуб во Примера.

Ако до крајот на ланската сезона беше прва опција во Химнастик, сега ја грее клупата на Рајо кој пак бележи лоши резултати во најсилното шпанско првенство.

Има само еден триумф од осум натпревари и е моментно во опасната зона за испаѓање на претпоследното 19. место со пет бода колку што има и Хуеска на самото дно.

Шест пати бил на клупата за резерви оваа сезона во „Ла Лига", а тренерот на Рајо, Михел истакна дека ќе добие шанса нашиот чувар на мрежата, но не знае кога. Да додадеме уште дека капитен на екипата е голманот Алберто Гарсија:

„Алберто и Димитриевски се двајца поеднакви голмани и ја имаат мојата доверба. Димитриевски дојде подоцна, а стартер е како што гледате Алберто. Димитриевски ќе ја има шансата, но не знам кога и во каква ситуација", рече тренерот на Рајо Ваљекано, Михел.

Најново во Фудбал