ДОМЖАЛЕ ВО 91. МИНУТА ИСПУШТИ ПОБЕДА

Ибраими асистент против „неговиот“ Марибор

Агим Ибраими играше 80 минути и асистираше за голот против неговиот поранешен клуб

објавено: 9 мај 2018 - 17:56

Домжале и направи делумна услуга на љубљанска Олимпија во трката за титулата, откако одигра 1:1 против Марибор во дуел на сегашниот и поранешниот тим на Агим Ибраими. Ибраими во 51. минута изведе скратен корнер, по кој Сенијад Ибричиќ (екс член на Вардар) погоди за водство од 1-0. Потоа Ибричиќ и Ибраими беа повлечени од игра, а гостите во 91 минута преку Таварес погодија за 1-1 и се спасија од пораз.

За Домжале, заврши низата од пет кола без реми, додека Марибор девет кола е непоразен. На четири кола до крајот, Олимпија и Марибор имаат по 71 бод (Олимпија има еден меч помалку), следува Домжале кој е трети со 63. 

Најново во Фудбал