Беа соиграчи во клубот од Сардинија

Играа заедно во Каљари - И Агим Ибраими жали за шокантната смрт на Астори: Ме потресе трагедијата на Давиде

Поранешниот македонски репрезентативец Агим Ибраими е единствениот наш фудбалер што играл заедно во ист клуб со трагично починатиот играч и капитен на Фиорентина, Давиде Астори. „Ме потресе веста за шокантната трагедија на Давиде“, вели Агим во изјава за „Спортмедиа“

објавено: 4 март 2018 - 13:32

Поранешниот македонски репрезентативец Агим Ибраими е единствениот наш фудбалер што играл заедно во ист клуб со трагично починатиот играч и капитен на Фиорентина, Давиде Астори.

Пред 4 години двајцата играа заедно во Каљари, каде Ибраими настапуваше како позајмен фудбалер од Марибор.

Астори ноќеска почина во сон во Удине, каде денеска требаше да ја предводи Фиорентина против домашниот Удинезе. Причините за шокантната смрт на 31-годишниот капитен на „виолетовите“ се уште не е позната.

„Не можам да поверувам. Ме потресе смртта на Давиде. Одличен играч, вистински капитен и на теренот и надвор од него. Неодамна доби и дете. Жалам за трагедијата и сочуствувам со семејството на Астори“, вели Ибраими за „Спортмедиа“

Астори беше член на Каљари од 2008 до 2016 година, а потоа се пресели во Фиорентина. Ибраими беше член на клубот од Сардинија во сезоната 2013/14.

 

Најново во Фудбал