ТОА СЕ ВИКА ПОЧИТ КОН МАКЕДОНЕЦОТ

Икарди го истетовирал Пандев на цело тело! (Фото)

Навивачите на Интер направиле фото-шоп и врз тетоважите кои ги има аргентинскиот напаѓач го „истетовирале" ликот на популарниот Гоче

објавено: 9 мај 2017 - 10:33

Горан Пандев покажува дека е во одлична форма, откако за неполн месец даде три гола во Серија А за Џенова. Последниот погодок на Пандев беше за победа од 1:0 против неговиот некогашен тим, Интер. Капитенот на македонската репрезентација е екс играч на „нераѕурите", со кои стана италијански, европски и светски клупски првак.

Токму затоа, Пандев не се радуваше кога му даде гол на Интер. Со овој потег Гоче покажа колку го почитува Интер. Навивачите на миланскиот гигант веднаш покажаа дека не го заборавиле Пандев. Тие направиле интересен фото-шоп.

На телото на актуелниот голгетер на Интер, Мауро Икарди, го „истетовирале" ликот на Горан и со големи букви напишале Пандев. Со тоа, фановите сакаат да му покажат на Икарди, кој тип на напаѓач уште го памтат и почитуваат на „Џузепе Меаца".

Еве го фото-шопот од „тетоважата" на Икарди со ликот на Пандев

Ова е вистинската тетоважа на Икарди

Најново во Фудбал