Интересно. Ретко се случува во ист ден двајца наши фудбалери да потпишат за еден клуб од странство, уште помалку од Ерменија. Имено Дарко Илиески и Буњамин Шабани од денеска се нови играчи на Ширак од Ерменија.
„Среќен сум за овој трансфер, ова се мене е голем предизвик. Секако дека ќе се дадам од себе да ја оправдам довербата. Ширак е тим во кој може да напредувам" ни изјави Илиески.