Струмичанецот спаси дебакл

Илиев го спаси Арсенал од дебакл

Дени Илиев прими три гола против младинците на Лестер, но спаси најмалку уште толку во поразот на академците на Арсенал од 1:3

објавено: 19 февруари 2018 - 21:59

Дени Илиев прими три гола против младинците на Лестер, но спаси најмалку уште толку во поразот на академците на Арсенал од 1:3.

Арсенал играше со фудбалер помалку во последните половина час, а тогаш стапи на сцена Илиев. Струмичанецот одбрани неколку тешки удари, иако претходно прими три. „Топчиите“ по овој пораз паднаа на третата позиција по 17 кола, зад лидерот Ливерпул кој има 33 бода, еден повеќе од Арсенал. Ист број на бодови како Ливерпул има и Лестер, но со меч повеќе од клубот за кој брани Илиев во развојната лига на Англија за фудбалери до 23 години.

Најново во Фудбал