ОТКАКО ПО ДВЕ И ПОЛ ГОДИНИ СЕ ВРАТИ НА ГОЛОТ НА АРСЕНАЛ 23

Илиев: Прекрасно чувство, победивме, а јас бранев одлично

„Ова беше прв мој официјален настап по февруари 2015 година и чувството е прекрасно“, ни изјави Илиев по мечот на кој бранеше вечерва

објавено: 16 октомври 2017 - 23:43

Дени Илиев покажа дека долгото време без официјален натпревар на клупски план не оставил голема трага на неговата форма. Македонскиот чувар на мрежата, вечерва застана на голот на тимот на Арсенал за играчи до 23 години и бранеше без грешка. „Топчиите“ победија со 2:0, што значи дека младиот струмичанец успеа да ја сочува својата мрежа незатресена. 

„Ова беше прв мој официјален настап по февруари 2015 година и чувството е прекрасно. Игравме на стадионот „Емирати“, победивме, а јас бранев одлично. Презадоволен сум од тоа како се чувствував на теренот, бидејќи реално долго време бев без официјален настап. Сепак, штом се најдов повторно на теренот, се што беше лошо во изминатиов период, како во еден момент да го снема“, ни изјави веднаш по мечот Илиев од Лондон.

Сега на ред е Илиев со добрите одбрани да се наметне и многу почесто да биде меѓу стативите во дресот на Арсенал 23. По седум кола во првенството, „топчиите“ имаат пет победи и два порази, што е доволно за третото место на табелата. 

 

Најново во Фудбал