Прескромна зима за нашите интернационалци

Имаше најави, но без реализација, нема зимски трансфери за македонските играчи во Топ-5 лигите

На полноќ се затвори зимскиот трансфер пазар во Топ-5 лигите на Европа, а ниту еден македонски фудбалер не ја смени средината во некој од клубовите во Шпанија, Англија, Германија, Италија и Франција. Најави имаше доста, особено интересни беа Илија Несторовски, Езџан Алиоски, Стефан Ристовски и Енис Барди, па и Горан Пандев, но тие остануваат во своите досегашни клубови

објавено: 1 февруари 2017 - 10:02

На полноќ се затвори зимскиот трансфер пазар во Топ-5 лигите на Европа, а ниту еден македонски фудбалер не ја смени средината во некој од клубовите во Шпанија, Англија, Германија, Италија и Франција. Најави имаше доста, особено интересни беа Илија Несторовски, Езџан Алиоски, Стефан Ристовски и Енис Барди, па и Горан Пандев, но тие остануваат во своите досегашни клубови.

Наполи и Севилја покажаа интерес да го ангажираат бомбардерот на Палермо, Несторовски, кој има неверојатно убава авантура во клубот од Сардинија, постигна 8 погодоци за кус период, но Маурицио Зампарини не даде зелено светло. Претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис притискаше да го донесе македонскиот шпиц под Везув, но не успеа.

Преговори за трансфер во Италија имаа и Риека и Сампдорија за Стефан Ристовски, но и таа опција пропадна, Клубот од Џенова не сакаше да ја плати отштетата од 2,4 милиони евра, па десниот бек на македонската репрезентација останува на Руевица во Риека. Се спомнуваше и зимски трансфер во Басакшехир, но и од тоа нема да има ништо.

И Езџан Алиоски имаше прекрасна есен во Лугано, стаса и до идеалниот тим во Првата швајцарска лига, но и тој засега останува во својот клуб. Се најавуваше негов трансфер во Херта, или во Фрајбург, но сега опција за трансфер во некоја од Топ-5 лигите е во летниот период. 

Енис Барди е вистинско откровение и во Унгарија, каде е на делба на првото место на листата на стрелците, и во дресот на младат македонска репрезентација, но и тој веројатно ќе остане во Ујпешт. За сите играчи се уште постои опција да ја сменат средината, но во клубови што не се од најразвиените 5 фудбалски земји во Европа.

Постоеше можност и Горан Пандев да си замине од Џенова, тој одби богата понуда од Кина, па и најдобриот македонски фудбалер во новиот милениум, веројатно ќе продолжи со настапите за клубот од Мараси.

Најново во Фудбал