„НЕРО-АЅУРИТЕ“ НЕ ГО ЗАБОРАВААТ МАКЕДОНСКИОТ РЕПРЕЗЕНТАТИВЕЦ

Интер ја најави Лигата на шампионите со „Гранде Пандев“! (ВИДЕО)

Интер наскоро ќе го започне новиот настап во групната фаза од фудбалската Лига на шампионите за натпреварувачка сезона 2018/2019.

објавено: 14 септември 2018 - 14:30

Италијанскиот гигант на својот фејсбук профил го најави настапот во најелитното европско фудбалско натпреварување и тоа со еден незаборавен гол на Горан Пандев.

Во сезоната 2010/2011, во осминафиналето Интер го елиминираше Баерн Минхен поради повеќе голови постигнати на гости. Иако дома загубија 0:1, на реваншот триумфираа Италијанците со 2:3 на „Алијанц Арена", а еден од стрелците беше токму македонскиот репрезентативец.

„Назад во Лигата на шампионите! Пандев vs Баерн Минхен. Каков кам-бек. Кажете ни ја вашата реакција на овој гол", пишува на фејсбук профилот на Интер.

Да потсетиме, „неро-аѕурите" се наоѓаат во силната група Б заедно со Барселона, ПСВ Ајндховен и Тотенхем.

Првиот меч избраниците на тренерот Лучано Спалети ќе го имаат на 18. септември од 18:55 часот на „Џузепе Меаца" против Тотенхем.

Најново во Фудбал