Не може сам

Ивановски двоен стрелец, Славен Белупо настрада во Загреб

Мирко Ивановски погоди двапати во првото полувреме за Славен Белупо против Локомотива Загреб, но неговиот тим загуби убедливо со 2:5

објавено: 15 април 2018 - 19:04

Мирко Ивановски погоди двапати во првото полувреме за Славен Белупо против Локомотива Загреб, но неговиот тим загуби убедливо со 2:5. За само 360 секунди во првото полувреме, од 32. до 38. минута нашиот фудбалер двапати беше прецизен и ја анулира негативата од 0:2, но не можеше се сам за клубот од Копривница.

Во вториот дел домаќините беа убедливи постигнаа уште три гола и со 5:2 го декласираа Славен. Ивановски со денешните погодоци стаса до котата 13 и е на делба на третото место на најдобри стрелци во ХНЛ, зад Хебер со 16 и Судани со 15 голови.

За Славен играше и вториот наш интернационалец Томе Китановски.

Најново во Фудбал