МАКЕДОНЦИТЕ ВО ФИНСКОТО ПРВЕНСТВО

Ивановски излезе, Рованиеми загуби

Напаѓачот беше стартер во тимот на Рованиеми, кој иако прими гол во 92.минута и загуби од Хонка, сепак останува лидер на табелата. Шишковски во Лахти ја „грееше" клупата во победата над Хелсинки

објавено: 3 мај 2018 - 19:34

Филип Ивановски беше стартер во тимот на Рованиеми во меч од 7.коло во финскиот шампионат против Хонка и играше се до 82.минута. Иако Рованиеми одигра дома загуби од Хонка со 1:2, сепак останува на врвот на табелата. Интересно е тоа што Рованиеми го прими вториот гол само неколку минути откако македонскиот напаѓач беше заменет.

Дамјан Шишковски и натаму ја грее клупата на Лахти. Но и без него овој тим направи големо изненадување и на гости славеше со 2:1 против славниот Хелсинки.

Најново во Фудбал