УШТЕ ЕДЕН ГОЛ ЗА НАШИОТ ИНТЕРНАЦИОНАЛЕЦ ВО ХРВАТСКА

Ивановски погоди за Славен Белупо

Искусниот напаѓач погоди во 50. минути доволно за израмнување на резултатот на (1:1) на гостувањето кај Локомотива во Загреб.

објавено: 20 мај 2017 - 19:25

Мирко Ивановски постигна уште еден, десетти гол, за екипата на Славен Белупо во оваа сезона од шампионатот на Хрватска. Но на крајот тоа се покажа како недоволно за поволен резулта на гостувањето во Загреб.

Локомотива водеше со (1:0), а на крајот победи и со (2:1) против екипата во која одново Ивановски беше еден од најдобрите поединци.

Искусниот македонски напаѓач погоди во 50. минута, кога беше доволно за израмнување на резултатот на (1:1) на овој дуел со популарните “Локоси“, затоа што во 82 минута, нивната мрежа ја погоди Цапан.

По 35 одиграни кола., Ивановски и Славен Белупо со 38. освоени бода, останаа на шестата позиција во лигата на Хрватска. 

Најново во Фудбал