Погодок на Мирко, победа за Леонард

Ивановски погоди, Жута се радуваше на победа

Мирко Ивановски погоди од пенал за Славен Белупо, но само за почесен гол во поразот од Риека со 1:3. На победата сепак и се радуваше Леонард Жута, еден од тројцата наши интернационалци на дуелот во Копривница

објавено: 8 април 2018 - 19:09

Мирко Ивановски погоди од пенал за Славен Белупо, но само за почесен гол во поразот од Риека со 1:3. На победата сепак и се радуваше Леонард Жута, еден од тројцата наши интернационалци на дуелот во Копривница.

Риека беше подобар ривал и заслужено славеше со 3.1, а Жута одигра солидно за гостите. На спротивната страна играше само Ивановски и погоди од пенал за 11. гол сезонава. На клупа остана Томе Китановски кај домашниот состав.

Најново во Фудбал