НА „КРИЛЈАТА“ НА МАКЕДОНЕЦОТ, СЛАВЕН ОДИГРА 2:2 СО ДИНАМО

Ивановски со гол и асистенција до реми со „модрите“

Мирко Ивановски прво во 14.минута постигна гол, за да потоа му асистираше на својот соиграч Видовиќ за 2:1. Сепак Динамо израмни во самиот финиш за конечни 2:2. Играа и Китановски за Славен Белупо и Адеми за Динамо Загреб

објавено: 4 мај 2018 - 22:04

Малку недостигаше, само три минути за да блескавата игра на Мирко Ивановски за Славен Белупо, биде крунисана со триумф над Динамо Загреб. Супер гол и супер асистенција на Мирко Ивановски, но само за реми Македонецот, кој со 14 голови е трет стрелец во хрватскиот шампионат. Тој прво во 14.минута со прекрасен гол му донесе водство на својот тим, за да потоа во 68.минута му асистираше на својот соиграч Видојевиќ за 2:1. Но и тоа беше доволно зошто „модрите" во 87.минута повторно израмнија на конечни 2:2.

Инаку на овој натпревар, кој во некоја рака беше и „македонско дерби", во домашниот тим речиси 30 минути одигра и Томе Китановски, додека кај Динамо Загреб еден од подобрите беше Аријан Адеми.

 

Најново во Фудбал