Македонскиот бек со гол донесе мир во Копривница

Ивковиќ го искара Китановски на подготовки, Томе му врати со гол што вреди опстанок (Видео)

Томе Китановски постигна многу значаен гол за Славен Белупо, против Цибалија и тоа веројатно вреден и опстанок за тимот од Копривница. Ако од тренерот Томислав Ивковиќ доби критика на подготовките за еден непотребен старт и расправа со судијата, сега возврати со погодок и доби комплименти од познатиот голман, сега тренер на Славен

објавено: 19 февруари 2018 - 19:30

Томе Китановски постигна многу значаен гол за Славен Белупо, против Цибалија и тоа веројатно вреден и опстанок за тимот од Копривница. Ако од тренерот Томислав Ивковиќ доби критика на подготовките за еден непотребен старт и расправа со судијата, сега возврати со погодок и доби комплименти од познатиот голман, сега тренер на Славен.

„Голот на Китановски ни донесе мир во играта и од тој мометн ја имавме иницијативата и заслужено победивме. Освоивме бодови, кои многу ни значат против директен конкурент за опстанок во Лигата“, изјави Ивковиќ.

Китановски беше прецизен во 35. минута за 1:0, а потоа Буадла во вториот дел со нов погодок само ја потврди победата на Славен. Екипа која сега има 25 бодови, 8 повеќе од Цибалија и девет од Рудеш, кои се најзагрозени во битката за опстанок во ХНЛ.

За тимот од Копривница цел меч одиграа и Китановски и Мирко Ивановски.

Најново во Фудбал