РЕПРЕЗЕНТАТИВЕЦОТ Е ВО ОДЛИЧНА ФОРМА

По новиот блесок, Јаховиќ во тимот на колото

По новата блескава партија во дресот на Гезтепе, македонскиот репрезентативец Адис Јаховиќ се најде во тимот за 9. коло во турскиот шампионат. 

објавено: 24 октомври 2017 - 15:00

Адис Јаховиќ продолжува во блескавите партии во дресот на Гезтепе. Македонскиот репрезентативец викендов постигна два нови гола, но за жал неговиот тим одигра само 3:3 против Аланијаспор. Одличната игра на оваа средба го смести во тимот за 9. коло во турскиот шампионат.

Јаховиќ стигна до 11 погодоци сезонава, во девет одиграни средби и го има приматот на прв стрелец во турското првенство. Зад него е еден Гомис, кој досега даде девет гола. Интересно е тоа што Јаховиќ е еден од ретките играчи во Европа, во поквалитетните првенство, што може да се пофали дека има просек од повеќе од еден гол по меч сезонава.

Најново во Фудбал