Убав старт во завршницата

Јаховиќ асистира, Гезтепе со победа тргнува кон елитата во Турција

Македонецот беше асистент на вториот гол во победата на неговиот тим од 2:0 против Болуспор во полуфиналето од плеј-офот во вѕората турска лига

објавено: 25 мај 2017 - 22:38

Екипата на Гезтепе со победа од 2:0 против Болуспор имаше сигурен чекор напред во полуфиналето од плеј-офот во втората турска лига.

Тимот каде што настапува Адис Јаховиќ кој беше асистент на вториот погодок успешно тргна кон елитата во оваа држава.

Со двата погодоци на Наир, по еден во двете полувремиња (39'), (73'), домаќинот обезбеди убава залиха.

Возвратниот дуел меѓу овие две екипи ќе се одигра в недела каде што улогата на домаќин сега ќе ја има Болуспор.

Најново во Фудбал