МАКЕДОНСКИОТ РЕПРЕЗЕНТАТИВЕЦ НЕ ПРОСТУВА НИКОМУ

Јаховиќ без милост: Нови два гола за 20 минути

Гезтепе води со 2:0 на гостувањето кај Анталијаспор

објавено: 14 октомври 2017 - 15:59

Адис Јаховиќ продолжува да ги полни мрежите на противниците во турското првенство. Македонскиот репрезентативец стигна до 10 погодоци во шампионатот и засега е најдобар стрелец во лигата.

На дуелот против Анталијаспор, Јаховиќ не чекаше многу. Голгетерот на Гезтепе по само 20 минути веќе два пати се има запишано во листата на стрелци. Адис погоди во 8 минута за водство на гостите од 1:0, а веќе во 19 минута, повторно реализираше нашиот репрезентативец за 2:0.

До крајот на мечот во Анталија има нешто повеќе од еден час, што значи дека Јаховиќ има шанса за хет-трик на овој натпревар. 

Најново во Фудбал