ГОЛГЕТЕРОТ ВО ЈАНУАРИ ДЕФИНИТИВНО ГО МЕНУВА КЛУБОТ

Јаховиќ го потврди заминувањето, го одби Гезтепе

Адис Јаховиќ нема да го продолжи договорот со екипата на Гезтепе, со што стави до знаење дека ќе си оди од оваа екипа уште во јануари.

објавено: 16 ноември 2017 - 21:20

Адис Јаховиќ нема да го продолжи договорот со екипата на Гезтепе, со што стави до знаење дека ќе си оди од оваа екипа уште во јануари. Со 11 гола, македонскиот голгетер е прв стрелец во шампионатот на Турција и со своите погодоци и игри го сврте вниманието кон себе.

Пред неколку дена, од Галатасарај најавија дека се блиску до потпис со Јаховиќ. Од Гезтепе најавија дека само Бешикташ имал разговор со нив, додека наши извори велат дека робусниот шпиц ќе ја прифати понудата од Кина, а за многу пари ќе прави трансфер на Далечниот Исток. Обид да го добие Јаховиќ има и од ЦСКА Москва. Актуелниот договор на Јаховиќ со Гезтепе истекува во јуни. 

Најново во Фудбал