БЕШИКТАШ ЗАВРШИ РАБОТА

Јаховиќ и следната сезона ќе игра во турската Супер-Лига

После вчерашниот триумф на Бешикташ над Османлиспор, јасно е дека Коњаспор и Адис Јаховиќ и во следната сезона ќе играат во „елитата“

објавено: 14 мај 2018 - 17:00

Со тоа Адис Јаховиќ и во следната сезона ќе настапува во најдобрата лига во Турција, и во Коњаспор, со оглед дека има договор до летото 2020 година. 

Коњаспор со победа над Гезтепе во саботата сигурно опстануваше, но одигра само нерешено 1:1, па зависеше од резултатот на дуелот Османлиспор - Бешикташ, кој што му припадна на гостинот со 2:3. Со тоа Коња има предност од три бодови пред Османлиспор и подобар е во меѓусебниот дуел со една победа и едно „реми“ сезонава. 

Јаховиќ во зимскиот преоден рок од Гезтепе се пресели во Коњаспор, и заедно со легендарниот Самуел Ето го сочинуваат тандемот во оваа екипа кој што е најзаслужен за изборување на опстанокот. 

 

Најново во Фудбал