ПРИЗНАНИЕ ЗА МАКЕДОНСКИОТ ГОЛГЕТЕР

Јаховиќ избран за спортист на годината во Измир

Ова признание доаѓа во гласањето на спортските новинари во градот

објавено: 20 декември 2017 - 11:45

Адис Јаховиќ е избран за најдобар спортист во Измир, во изборот на спортските новинари. Некогашниот македонски репрезентативец игра во одлична форма во тимот на Гезтепе. Во првиот дел од годината, Јаховиќ го предводеше тимот до влез во Првата турска лига и беше најдобар стрелец. 

Тоа што го почна во Втората лига, Јаховиќ го продолжи и со стартот во Прва лига. По 16 одиграни мечеви, Адис е втор стрелец во првенството со 13 погодоци и една асистенција. Пред него е само Гомис од Галатасарај со 16 голови. 

Освен Јаховиќ, награда доби и тимот на Гезтепе. Екипата на Јаховиќ, заедно со тимот на Алтај, ја поделија наградата за најдобар тим во градот.  

Најново во Фудбал