Знае и да асистира

Јаховиќ треба да се разигра, Гезтепе за да победува

Адис Јаховиќ се разигра, а Гезтепе ја прекина серијата од 4 меча без победа и со 2:0 го надигра Ахисар Беледие

објавено: 25 ноември 2017 - 19:55

Адис Јаховиќ се разигра, а Гезтепе ја прекина серијата од 4 меча без победа и со 2:0 го надигра Ахисар Беледие.

Јаховиќ беше тивок на послендите натпревари за Гезтепе, откако во 10 кола даде 11 голови и беше вистински хит во Турција. Денеска повтоно покажа дека е одличен шпиц, а со аситенција за 2:0 придонесе Гезтепе да се врати на победничките патеки.

Тоа му е прва асистенција на нашиот единствен интернационалец во Првата турска лига, а останува втор стрелец со 11 голови, еден помалку од Гомис.

Најново во Фудбал