ЃЕЗТЕПЕ ОСТАНА СО ШАНСА ДА ИГРА ВО ЕЛИТАТА НА ТУРЦИЈА

Јаховиќ води во баражот

Голот на нашиот интернационалец во 54 минута беше доволен за освојување на еден бод на гостувањето кај Денизли (1:1) кој ги остави со шанси преку доигрувањето од следната сезона да заиграат во најквалитетната турска лига.

објавено: 20 мај 2017 - 19:55

Адис Јаховиќ даде уште еден гол во оваа сезона, со кој неговиот Ѓезтепе го потврди местото кое води во бараж-дуелите за пополнување на првата турска лига. .

Голот кој го постигна нашиот интернационалец на гостувањето кај Денизли, реализиран во 54 минута од играта, беше доволен за неговата екипа да стигне до нерешен резултат (1:1).  Односно  еден бод, кој во конечниот збир го остава Ѓезтепе на петтата позиција во Втората лига на Турција. Или една од оние четири кои водат во бараж-натпреварите за пополнување на Првата турска лига.

 

Најново во Фудбал