УШТЕ ЕДЕН МАКЕДОНЕЦ ВО КЛУБОТ ОД ПУЛА

Јакимовски потпиша за НК Истра

Некогашниот фудбалер на Работнички и младински репрезентативец на Македонија Борис Јакимовски кариерата ја продолжува во хрватскиот НК Истра

објавено: 12 февруари 2019 - 21:35

Јакимовски со хрватскиот прволигаш од Пула потпиша договор на 2+1 години. Во Истра минатото лето влезе шпански инвеститор „Басконија-Алавес груп" која е дел и од шпанскиот прволигаш Депортиво Алавес во шпанската Ла Лига. Поради тоа во Истра има и пет шпански играчи на позајмица токму од Алавес. 

Јакимовски е трет Македонец во Истра, затоа што таму играат младинскиот репрезентативец на Македонија Агрон Руфати, а во младинскиот тим е уште Лука Здравковски.

Најново во Фудбал