Египетскиот тим поразен во Конго

Јаневски го претрпе првиот пораз со Исмаили

Гостите имаа пенал во првото полувреме, но не успеаја да погодат.

објавено: 12 јануари 2019 - 16:01

Некогашниот селектор на македонската фудбалска репрезентација, Чеде Јаневски, го претрпе првиот пораз на кормилото на египетски Исмаили. По една победа и едно реми во домашното првенство, Исмаили под водство на нашиот стратег загуби во премиерниот меч од групната фаза на Африканската Лига на шампиони.

Исмаили беше поразен на гостувањето кај Мазембе во ДР Конго со 2:0 иако имаше реални шанси да се врати со многу подобар резултат. Имено, домашните во финишот на првиот дел добија црвен картон, а Исмаили имаше шанса да поведе со гол од пенал, но Ел Мохамади не успеа да реализира.

Иако беа со играч помалку, домашните успеаја во финишот на средбата да постигнат два гола и да ги обезбедат првите 3 бода во групата „Ц“. Јаневски и Исмаили ќе имаат шанса за први бодови во следното коло кога на домашен терен го пречекуваат Клуб Африкан од Тунис.

Најново во Фудбал