НАЈАВИ ОД БУГАРИЈА

Јаневски на клупата на ЦСКА Софија!?

Доскорашниот тренер на Вардар се сели кај источниот сосед, и деновиве треба да потпише договор со софиските „армејци“

објавено: 16 мај 2018 - 09:45

ЦСКА Софија во следните часови или денови ќе има нов тренер. Засега прв пик е македонскиот стручњак Чедомир Јаневски. 

Јаневски до скоро беше тренер на Вардар откако беше сменет поради слабите резултати оваа пролет, и загубата на шампионската титула. Поранешниот селектор на Македонија е во завршни преговори за клупата на овој тим на која во минатото седеа Ѓоко Хаџиевски и Ѓоре Јовановски. 

Јаневски во минатото беше тренер на Бриж, Монс, Мускрон и Беверен. Од август 2017 година стана тренер на Вардар, и веднаш со екипата обезбеди учество во групната фаза од Лигата на Европа. Меѓутоа минатиот месец дојде до негова смена, и назначен Бобан Бабунски кој што не тргна нималку добро на клупата на најтрофејниот македонски тим. 

ЦСКА во штотуку завршеното првенство на Бугарија заврши како второпласиран зад неприкосновениот Лудогорец, и на лето ќе игра во квалификациите во Лигата на Европа. 

Најново во Фудбал