Си гази и на подготовки

Додавање во стилот на Меџик Џонсон - Јаховиќ е мајстор и за асистенции (Видео)

Адис Јаховиќ продолжува да игра на врвно ниво во Турција, а со прекрасна асистенција со петица го зачини голот на Халил Акбунар на пријателски меч со Атикер Коњаспор

објавено: 10 јануари 2018 - 12:45

Адис Јаховиќ продолжува да игра на врвно ниво во Турција, а со прекрасна асистенција со петица го зачини голот на Халил Акбунар на пријателски меч со Атикер Коњаспор. Мечот е во тек, се игра во Анталија, а додавањето на македонскиот интернационалец е во стилот на познатиот НБА ас Меџик Џонсон. Додавање зад грб со петица, за лесна реализација на Акбунар. 

Погледнете ја магичната асистенција на Јаховиќ.

 

Најново во Фудбал