НА ДУЕЛОТ ПРОТИВ АХЕН ИГРАЈЌИ СО ГОЛЕМИ ФУДБАЛСКИ ЅВЕЗДИ...

Каква чест: Нашиот Аметов дебитираше со гол за првиот тим на Борусија Дортмунд! (ВИДЕО)

Во период каде што во прв план се репрезентативните обврски, пред продолжението од сезоната денеска во пријателски натпревар екипата на Борусија Дортмунд триумфираше со резултат 0:4 против екипата на Алеманија Ахен.

објавено: 15 октомври 2018 - 20:43

Стрелци во победата на „милионерите" беа Ванер, Геце, Филип, како и 19. годишниот Бејхан Аметов кој се погрижи за зголемување на позитивата од 2:0 во 25. минута од средбата.

Аметов кој е Македонец, роден во Германија, дебитираше во првиот тим на Дортмунд што секако претставува голема чест да се игра покрај големи ѕвезди како на пример Марио Геце, Јулиан Вајгл, Максимилијан Филип, Омер Топрак...

Аметов е голема фудбалска надеж и секако овој настап за првиот тим претставува големо искуство за нашиот играч.

ГОЛОТ НА АМЕТОВ МОЖЕТЕ ДА ГО ПОГЛЕДНЕТЕ НА 01:27 МИН. ОД ВИДЕОТО:

Најново во Фудбал