„РОСОНЕРИТЕ“ СЕ СПАСИЈА, СУРОВА КАЗНА ЗА ТИМОТ ОД ЏЕНОВА

КАКВА ШТЕТА ЗА ПАНДЕВ И ЏЕНОВА: Ги казни Андре Силва во 94.минута (ВИДЕО)

Горан Пандев (играше до 81.минута) и неговите соиграчи заслужија многу повеќе од „минималецот"

објавено: 11 март 2018 - 20:20

 Милан ја освои Џенова, можеби и на среќа, или пак со знаењето кое го прикажа скапо платениот Андре Силва. И тоа во четвртата минута од судиското надополнување на времето.

Португалецот не можеше да одбере подобар момент за својот гол-првенец во Серија А.
Феноменално реагираше на центаршутот на Сусо во последните мигови од дуелот на „Мараси", и со сјаен удар со глава им донесе огромно славење на "„росонерите" кои остануваат во трката за место кое води во Лигата на Шампионите.
Капитенот на нашиот национален тим играше за Џенова до 81.минута кога беше заменет од Беса. А по 27. одиграни мечеви, Џенова е на 13 место на табелата во Серија А со 30. освоени бодови.   

 

Најново во Фудбал