Претседателот на „лавовите“ во битка со играчите

Карвалјо е под голем притисок, ги суспендира фудбалерите на Спортинг Лисабон

Претседателот на Спортинг, Бруно Де Карвалјо ги суспендира играчите, откако претходно ги критикуваше на несмасен начин по поразот од Атлетико Мадрид. Кавгата доаѓа во незгоден момент, а Стефан Ристовски им се приклучи на соиграчите, кои го бојкотираа тренингот, по што следеше суспензијата

објавено: 6 април 2018 - 22:22

Претседателот на Спортинг, Бруно Де Карвалјо ги суспендира играчите, откако претходно ги критикуваше на несмасен начин по поразот од Атлетико Мадрид. Кавгата доаѓа во незгоден момент, а Стефан Ристовски им се приклучи на соиграчите, кои го бојкотираа тренингот, по што следеше суспензијата.

Карвалјо е под притисок во клубот и беше обвинет од конкурентите за претседателската функција дека на неспортски начин ги доби изборите, па сега повлече и потег по кој дополнително се вжештија страстите во Спортинг.

Играчите се незадоволни од неговите коментари, па не тренираа, по што следеше казната за 19 играчи. Меѓу нив е и нашиот репрезентативец Стефан Ристовски, иако тој ретко добива шанса да игра и не настапи во поразот од Атлетико Мадрид од 0:2.

Најново во Фудбал