Бек е, а дава убави голови

Китановски си фати ред, нов гол за бекот на Истра (Видео)

Томе Китановски игра во одлична форма во хрватското првенство, а вторпат по ред и го погодува противничкиот гол, иако игра како десен бек. По голот што пред две седмици и го даде на Цибалија, вчеравечер нашиот интернационалец ја затресе и мрежата на гигантот Хајдук

објавено: 20 ноември 2017 - 09:00

Томе Китановски игра во одлична форма во хрватското првенство, а вторпат по ред и го погодува противничкиот гол, иако игра како десен бек. По голот што пред две седмици и го даде на Цибалија, вчеравечер нашиот интернационалец ја затресе и мрежата на гигантот Хајдук. И двата гола беа прекрасни, но му носат различно расположение на Китановски.

Вчера Истра загуби со 1:3 од Хајдук. Китановски го постигна последниот гол на мечот, што го одигра комплетно, како и вториот наш интернационалец во Истра, Ристо Митревски.

Најново во Фудбал