Преоден рок за паметење за турскиот клуб

Ќе биде лудо и незаборавно во Коњаспор, на Јаховиќ му се приклучи и Ето

Коњаспор има преоден рок за паметење и по промоцијата на македонскиот фудбалер Адис Јаховиќ, го ангажираше и големиот ас Самуел Ето

објавено: 30 јануари 2018 - 16:40

Коњаспор има преоден рок за паметење и по промоцијата на македонскиот фудбалер Адис Јаховиќ, го ангажираше и големиот ас Самуел Ето.

Камерунецот потпиша две ипол годишен договор и заедно со Јаховиќ ќе биде пеколен тандем во нападот на Коњаспор. Оваа екипа бие тешка битка за опстанок и по 19 кола во турското првенство се наоѓа на претпоследната позиција со 16 бода.

Јаховиќ од Гезтепе се пресели во Коња и потпиша договор на 3,5 години, а ќе има интересен број на дресот, 88.

Најново во Фудбал