Имаат добар план

Кочаман со нетрпение го чека Елмас, како поддршка Фенербахче го купува Фелаини

Ајкут Кочаман има добар план за зимскиот период, а еден од приоритетите на турскиот гигант е да го купи Маруан Фелаини од Манчестер јунајтед. Белгиецот би требало да му биде поткрепа во средниот ред на нашиот репрезентативец Елиф Елмас, на кого сериозно се смета како член на првиот состав

објавено: 15 ноември 2017 - 12:25

Ајкут Кочаман има добар план за зимскиот период, а еден од приоритетите на турскиот гигант е да го купи Маруан Фелаини од Манчестер јунајтед. Белгиецот би требало да му биде поткрепа во средниот ред на нашиот репрезентативец Елиф Елмас, на кого сериозно се смета како член на првиот состав.

Со Елмас кој ќе има право да игра од почетокот на идната година, Кочаман сака да ја засили офанзивната линија во средниот ред, а за дефанзивните задачи ќе биде задолжен Фелаини, секако ако трансферот се реализира.

Фенербахче планира да го пополни и местото кое ќе се испарзни со заминувањето на Робин ван Перси, а во комбинација се Соу, Нијасе и Бајиќ, а веројатно еден од нив ќе биде новиот напаѓач на клубот од Истанбул.

Најново во Фудбал