ВАЖНИ БОДОВИ ЗА МАКЕДОНСКИОТ СТРАТЕГ

Кога треба Хаџиевски победува!

Ал Дафра на две кола пред крајот на шампионатот има плус 5 бода од опасната зона. Попладнево нашиот стратег славеше „двојна" победа.

објавено: 6 април 2018 - 17:48

Мисијата на Ѓоко Хаџиевски во ОАЕ е на најдобар пат да биде успешна. Неговиот клуб Ал Дафра попладнево стигна до огромна побнеда и тоа над Хата, директниот ривал во борбата за опстанок во лигата. Тимот на нашиот искусен стратег се судри со неговиот екс-клубот од оваа земја. Победа протов „своите" и тоа со пресврт од 1:2 (1:0) и на гостински терен.

Ал Дафра сега има плус 5 бода од опасната зона на само две кола пред крајот на шампионатот во Обединетите арапски емираи (ОАЕ).

Хата прва поведе со гол во 50 минута но тоа не беше доволно затоа што Хаџиевски и Ал Дафра во 65. и 70. минута го тресеа домаќинот и му го покажаа патот кон Втората лига. Македонскиот тренер ја превзеде екипата на Ал Дафра кога истата беше закована на дното од табелата. По усехот се очекува нашиот тренер и во следната сезона да остане на кормилото на оваа екипа.

Најново во Фудбал