ЕСТЕГЛАЛ ЗАГУБИ СО 0-1 ВО ОСМИНАФИНАЛЕТО ОД АЗИСКАТА ЛШ

Колегите на Најденов издржаа 92 минути, не и 93

Иранското дерби му припадна на Зобахан, но тимот на Македонецот реваншот го игра дома 

објавено: 8 мај 2018 - 19:00

Бојан Најденов не влезе во игра, а неговиот тим Естеглал загуби со 0:1 откако прими гол во последните секунди од гостувањето кај иранскиот ривал Зобaхан во првиот меч од осминафиналето во азиската Лига на шампиони. За Естеглал заврши серијата од 15 меча без пораз во сите натпреварувања, а и претходниот пораз го претрпеа од истиот противник, Реваншот се игра на теренот на Естеглал, а можеби тогаш тренерот Вини Шефер ќе му даде шанса на македонскиот интернационалец.  

Најново во Фудбал