Македонскиот репрезентативец еден од највлијателните во ХНЛ

Комплименти од противниците: Риека мора да го задржи Ристовски ако сака титула

Македонскиот репрезентативец Стефан Ристовски игра одлично за Риека, а според изборот на неговите конкуренти е еден од најдобрите играчи во Хрватска

објавено: 14 декември 2016 - 09:00

Македонскиот репрезентативец Стефан Ристовски игра одлично за Риека, а според изборот на неговите конкуренти е еден од најдобрите играчи во Хрватска.

Во гласењето на капитените на екипите од ХНЛ, десниот бек на Риека и на македонската репрезентација засега е на шестата позиција во изборот за најдобар играч во тамошниот шампионат. И секако според грото фудбалски познавачи на приликите во хрватското првенство најдобар десен бек.

„Ристовски е најдобар десен бек во нашето првенство и мошне важна алка во играта на Риека. Мислам дека неговото останување во клубот барем до лето може да биде клучно на Руевица да стаса титулата. Не знам дали Риека ќе успее да го задржи, но знам дека мора тоа да го стори ако сака прва да мине низ целта во хрватскиот шампионат“, вели Иван Човиќ, капитенот на Интер Запрешиќ. 

Ристовски најави дека сака да остане во Риека и да ја освои титулата, но за него има сериозни понуди на адреса на клубот кој е лидер во хрватското првенство. Скаути на Атлетико Мадрид го следеа неговиот настап во дресот на Македонија против Шпанија, во ноември во Гранада, а има уште дузина заинтересирани клубови за 24-годишниот бек.

Најново во Фудбал