Ќе го памети моментот

Конечно дочека - Елмас ги одигра првите минути и официјално во дресот на Фенербахче (Видео)

Елиф Елмас конечно го дочека моментот да дебитира за сениорскиот состав на Фенербахче, на пријателскиот меч со Кукс во Анталија. Македонскиот репрезентативец влезе во игра во 69. минута во настапот, кој може да се смета како прв за турскиот гигант

објавено: 14 јануари 2018 - 09:30

Елиф Елмас конечно го дочека моментот да дебитира за сениорскиот состав на Фенербахче, на пријателскиот меч со Кукс во Анталија. Македонскиот репрезентативец влезе во игра во 69. минута во настапот, кој може да се смета како прв за турскиот гигант.

Елиф и претходно играше на пријателски натпревари за Фенербахче, но тогаш немаше дозвола од ФИФА да потпише договор, бидејќи беше малолетен, па тие мечеви не му се сметаат.

Против Кукс на подготовките Елмас го замени Гоцтекин и одигра нешто повеќе од 20 минути за Фенер, а неговиот клуб со гол во 90. минута израмни на 2:2.

Елмас потпиша петгодишен договор со клубот од Истанбул и ќе има право да игра во продолжението од турскиот шампионат.

 

Најново во Фудбал