ВАЖНИ БОДОВИ НА ЕКИПИТЕ НА ЈАХОВИЌ, ТРАЈКОВСКИ И НЕСТОРОВСКИ

Коња и Палермо победуваат без „македонска поддршка“

Јаховиќ влезе во игра 75. минута кога Коња веќе имаше 1:0, така и заврши мечот. Трајковски пак во тимот на Палермо влезе на терен во 84. минута кога се беше готово

објавено: 5 мај 2018 - 17:16

Коњаспор со победата на гости кај Карабукспор со 1:0 освои големи три бода во битката за опстанок. Сепак нашиот напаѓач Адис Јаховиќ и не може да биде многу среќен зошто повторно мечот го почна од клупата а влезе во игра во 75. минута кога неговиот тим имаше веќе 1:0.

Палермо кај кај Тернана победи со 3:2, инаку имаше водство од 3:0, и освои бодови кои се уште го држат во „игра" за враќање во елитата. Познато е дека Илија Несторовски е повреден и не беше во комбинација и за овој меч, додека Александар Трајковски влезе на терен во последните мигови од мечот кога се беше веќе готово.

Најново во Фудбал