НАШИОТ ИНТЕРНАЦИОНАЛЕЦ БЛЕСНА ВО ДРЕСОТ НА САРАЕВО

Крсте Велкоски во тимот на колото во БиХ! (ФОТО)

Благодарение на своите добри игри оваа сезона, фудбалерот на Сараево доби повик од селекторот Игор Ангеловски за последните два натпревари овој месец во Лигата на нации.

објавено: 14 ноември 2018 - 12:35

Крсте Велкоски оваа сезона во најсилниот фудбалски шампионат на Босна и Херцеговина досега за својот клуб има вкупно шест голови од 14 натпревари што го прави моментно најдобар трет стрелец во екипата зад М. Ахметовиќ (осум) Б. Татар (седум). Воедно е петти стрелец во босанското првенство, лидер е Н. Билбија (12 погодоци).

Со завршувањето на 17. коло во БиХ, официјално е завршено повеќе од половина сезона во елитниот ранг, а во изборот на „oslobodjenje.ba", македонскиот репрезентатативец се наоѓа во тимот на колото.

Овој медиум вели дека нашиот играч на последниот дуел во дербито на гости кај Зрињски (2:2) одиграл точно онака како што еден капитен на еден клуб треба да одигра. Велкоски постигна гол од пенал, го инспирираше враќањето на својот тим во натпреварот,

А после неговиот корнер, Адукор погоди за водство на Сараево кој моментно е првопласиран во првенството со 37 бодови, пет повеќе од второпласираниот Зрињски.

Тимот на колото (17) во Босна и Херцеговина:

Голман:

Далибор Козиќ (НК ГОШК)

Одбрана:

Марко Перковиќ (НК Широки Бријег)
Аладин Исаковиќ (ФК Младост)
Предраг Зекановиќ (ФК Звијезда 09)

Среден ред:

Џенан Османовиќ (ФК Железничар)
Џоакин Адукор (ФК Сараево)
Ајдин Нукиќ (ФК Тузла Сити)
Немања Анѓушиќ (ФК Младост)

Напад:

Крсте Велкоски (ФК Сараево)
Немања Билбија (ХШК Зрињски)
Стипе Јуриќ (НК Широки Бријег)

Тренер на колото:
Хусреф Мусемиќ (ФК Сараево)

Најново во Фудбал