МЛАДИНСКИОТ РЕПРЕЗЕНТАТИВЕЦ ПОЧНА ИНТЕРНАЦИОНАЛНА КАРИЕРА

Курт Реџеп замина во Германија

И покрај тоа што одеше на „тестови“ во големите италијански тимови, сепак, се реши да почне интернационална кариера во пониските лиги во Германија

објавено: 17 мај 2018 - 12:30

Некогашната голема надеж на тимот на Академија Пандев, Курт Реџеп, момчето кое одеше на проба во италијанските Наполи, Фиорентина, се реши конечно да ја започне својата интернационална кариера но не во Италија, туку во Германија. Тој потпиша за тамошниот четвртолигаш Холзаузен, откако мина петнаесетина дена на тренинзите на овој клуб.

„Мислам дека правам добар потег. Сакам да играм на интернационална сцена што се вели, и мислам дека овој клуб каде што заминувам е вистинка средина за да можам да напредувам. Најбитно е во моментов да играм да имам минутажа, па потоа ќе одиме уште понапред што се вели" – ни изјави Реџеп.

Тој беше дел од тимот на Акадмемија Пандев подолг период, играше и квалификациски циклус за У19 репрезентацијата, а последно беше дел од тимот на Плачковица

Најново во Фудбал