Србите се оптимисти

Лалатовиќ: Само да ја победиме Македонија

Ненад Лалатовиќ е во слична ситуација како и македонскиот селектор Благоја Милевски, на двајцата им треба победа за рехабилитација по стартните порази на Србија и на нашата селекција на ЕП во Полска. „Само да ја победиме Македонија, се ќе биде полесно“, вели српскиот селектор

објавено: 19 јуни 2017 - 11:35

Од Гдиња, Зоран Поповски

Ненад Лалатовиќ е во слична ситуација како и македонскиот селектор Благоја Милевски, на двајцата им треба победа за рехабилитација по стартните порази на Србија и на нашата селекција на ЕП во Полска. „Само да ја победиме Македонија, се ќе биде полесно", вели српскиот селектор.

И тој најави промени во составот за балканското дерби, утре во Бидгошч и поофанзивна игра.

„Против Македонија нема потреба да играме со двајца играчи за врска со подефанзивни задачи. Јас го сакам напаѓачкиот стил на игра и ќе се обидеме повеќе да напаѓаме. Македонија не е наивна репрезентација. ја погледнав статистиката на мечот со Шпанија и по тоа воопшто не биле инфериорни. Ќе анализиораме дополнително, но знам дека ќе сакаат и тие да притиснат, а имаат опсани контри и полуконтри. Ќе биде добар меч за гледање“, вели Лалатовиќ.

Најново во Фудбал