И во Португалија имаше од 3:0 до 3:3, гол и за нашиот талент

„Лавчињата“ на Спортинг приредија подвиг, гол даде и Митровски

Димитар Митровски беше еден од иницијаторите на подвигот на „лавчињата“ на Спортинг и со гол имаше голем придонес во ремито 3:3 против младинците на Брага

објавено: 1 април 2018 - 15:01

Димитар Митровски беше еден од иницијаторите на подвигот на „лавчињата" на Спортинг и со гол имаше голем придонес во ремито 3:3 против младинците на Брага.

Домаќините водеа со 3:0 по 47 минути игра, но потоа се разиграа младите таленти на Спортинг. Нуњо Мореира намали на 1:3, потоа нашиот јуниорски репрезентативец постигна гол во 56. минута, а тимот од Лисабон израмни на 3:3 во 67. минута со голот на Балде.

Три гола за Брага за три минути, а потоа Спортинг предводен од Митровски за 13 минути ја анулира предноста на Брага во петтото коло од јуниорскиот шампионат на Португалија.

Најново во Фудбал