Горан Пандев останува во Џенова. По завршување на сезоната, капитенот на македонската репрезентација беше поврзуван со неколку клубови, но неговиот менаџер, Леонардо Корси стави крај на сите дилеми.
„Верувам дека ќе биде брак, кој има судбина да опстане. Тој сака својата кариера да ја заврши во Џенова и така ќе биде“, изјави за „Tuttomercatoweb.com“.
Пандев во таборот на Џенова дојде во 2015 година, неговиот договор истекува по завршување на следната сезона.