ЛАНИ ВРЕДЕШЕ НЕЦЕЛИ ДВА МИЛИОНИ ЕВРА, СЕГА...

ЛЕВАНТЕ ГО БЛИНДИРА БАРДИ: Кој го сака ќе треба да плати 50.милиони евра!

Актуелната клаузула изнесува 25 милиони евра, а во Леванте сметаат дека Барди со уште една одлична сезона би можел да вреди многу повеќе на фудбалскиот пазар, поради што во новиот договор оваа сума ќе биде двојно поголема.

објавено: 11 август 2018 - 10:29

Актуелната клаузула изнесува 25 милиони евра, а во Леванте сметаат дека Барди со уште една одлична сезона би можел да вреди многу повеќе на фудбалскиот пазар, поради што во новиот договор оваа сума ќе биде двојно поголема.

Според шпанските медиуми, сегашниот договор му гарантира на македонскиот плејмејкер плата од околу 500.000 евра, со што е при дното на листата со заработувачка во Леванте. Клубот е свесен дека треба да го награди Барди и за лојалноста, откако скромниот играч за врска во неколку наврати изјави дека сака да остане во Леванте, без оглед на понудите што летово пристигнаа за негов ангажман.

„Барди е важен дел од Леванте, тој одлично се прилагоди и на тимот и на градот. Сега раководството се подготвува да му ги подобри условите, кој беше еден од клучните во минатата сезона.
Барди минатото лето дојде од Ујпешт за 1,5 милиони евра и плус 250.000 евра што ќе остане. Сега, таа сума многу повеќе се зголеми на неговара вредност. Затоа постои страв дека може некој да ја активира клаузулата, иако тоа сега изгледа нереално. Но, приближно 500.000 евра Барди заработува годишно и тоа е еден од најнеплатените фудбалери, па дури и премалку за ваков играч и се очекува големо подобрување на платата"- пишуваат шпанските медиуми.

Најново во Фудбал