Го фатија последниот воз за евентуално учество во бараж

Лидс ја прекина серијата од 4 меча без победа, Алиоски се врати во ритам

Лидс ја прекина незгодната серија од 4 меча без победа и со триумф од 2:1 против Болтон го фати последниот воз за евентуално учество во баражот за Премиерлигата. Нашиот репрезентативец Езџан Алиоски беше стартер и одигра 83 минути

објавено: 30 март 2018 - 18:02

Лидс ја прекина незгодната серија од 4 меча без победа и со триумф од 2:1 против Болтон го фати последниот воз за евентуално учество во баражот за Премиерлигата. Нашиот репрезентативец Езџан Алиоски беше стартер и одигра 83 минути, пред да биде заменет.

Лидс водеше со 2:0, со головите на Екубан и на Ернандес, а гостите кои се борат за опстанок н амалија со погодокот на Ле Фондре.

Лидс сега има 53 бода, 9 помалку од Мидлсбро, екипа која го има последното место што води во баражот за пласман во Премиерлигата и има меч помалку. До крајот на натпреварувањето во Чемпионшиплигата има уште 7 кола.

Најново во Фудбал