Не пропушта ниту еден меч од 1976 година

Лидс си има норвешка амајлија, Алиоски и соиграчите слават со легендарниот Терје Хансен

Лидс игра одлично во периодот пред новогодишните празници, а третата победа во последните 4 натпревари ја прославија заедно со својот легендарен навивач, Терје Хансен од Норвешка

објавено: 17 декември 2017 - 08:01

Лидс игра одлично во периодот пред новогодишните празници, а третата победа во последните 4 натпревари ја прославија заедно со својот легендарен навивач, Терје Хансен од Норвешка.

Пред повеќе од 30 илјади симпатизери на „Еланд роуд“ Лидс го победи Норич со 1:0 и е во серија од 4 натпревари без пораз, а за двојно славје се погрижи викингот Хансен. Тој е легенда на „Еланд Роуд“ и нема пропуштено меч на тимот од Јоркшир од 1976 година. Вчера против Норич го запиша 200-от натпревар по ред на кој се најде на трибините, кога неговиот омилен тим од Јоркшир игра натпревар во Англија.

Приказната на Терје, кој е Норвежанец и љубовта кон Лидс почнала со посетата на англискиот клуб на Ставангер, за пријателскиот дуел со Викинг. Таа авантура датира од 1976 година и оттогаш започнува легендата на Терје Хансен, норвешката амајлија на Лидс.

Вчера на „Еланд роуд“ го поздравија над 30 илјади навивачи и сите играчи на Лидс, вклучувајќи го и нашиот репрезентативец Езџан Алиоски.

Најново во Фудбал